Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов вечерва е пуштен од притвор откако му истече 24-часовниот притвор, јави репортерот на БГНЕС.
„Брутално, гадно, не вратија во комунизмот“, коментираше Борисов.
Тој вели дека е загрижен дека следниот пат може да го убијат.
„Тешка политичка репресија, апсолутно незаконски дејствија, изјави адвокатот на Борисов – Менко Менков.
Тој додаде дека има голем број прекршоци извршени од полициските власти.
Полицијата во Бугарија го приведе поранешниот премиер Борисов како дел од истрагата за наводни уцени што датираат од 2014 до 2019 година, соопштија денеска бугарски обвинители.
Неговото владеење заврши минатата пролет, кога тој ги загуби изборите, но сепак остана лидер на централно-десничарската ГЕРБ, најголемата опозициска партија.