Камил Лакурт го освои златниот медал на 50 метри

Од:

Присутните во олимпискиот базен „Сан Жорди“ во Барселона, на последниот ден од Светското првенство во водени спортови, иако имаше осум финални трки, сепак не видоа ниту еден нов рекорд.

Камил Лакурт од Франција го освои златниот медал на 50 метри градно во машка конкуренција, пливајќи во време од 24.42 стотинки.

Неговиот сонародник Жереми Стравиус се закити со среброто, а бронзата му припадна на Американецот Мат Греверс.

Русинката Јулија Ефтимова беше побрза од светската рекордерка Рута Меилутите, во финалната трка на 50 метри градно. Русинката која вчера во квалификациите постави светски рекорд, кој подоцна во полуфиналето го собори 16-годишната Литванка, сепак во финалето успеа да стигне до златниот медал.

Бронзата и припадна на екс светската рекордерка Џесика Харди од САД.

Јапонскиот пливач Даија Сето е новиот светски првак во дисциплината 400 метри мешано во машка конкуренција.

Во најкратката и најбрза трка 50 метри слободно во женска конкуренција триумф на Раномин Кромовиџоџо од Холандија.

Кинескиот пливач Сун Јанг ја потврди својата доминација на подолгите патеки освојувајќи го златото на 1.500 метри.

Катинка Хосжу од Унгарија е нова светска првенка во дисциплината 400 метри мешано кај дамите.
Машката селекција на Франција го освои златниот медал во штафетната трка 4х100 метри мешано, иако трката ја заврши како второ пласирана.

Французите до златниот медал стигнаа откако штафетата на САД беше дисквалификувана. Со само седум стотинки заостанување до сребрениот медал стигна штафетата на Австралија, додека бронзата им припадна на пливачите од Јапонија.

На женската штафетна трка во истата дисциплина немаше такви возбудувања, па до златото допливаа Американките, пред штафетите на Австралија и Русија.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска