Изјавите на Џозеф Бајден за Владимир Путин се лични навреди, но Кремљ нема да дава остри оценки со истите зборовите како американскиот претседател, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Со оглед на раздразливоста на господинот Бајден, неговиот замор, понекогаш заборавеност, замор, што на крајот доведува до агресивни изјави, веројатно нема да даваме остри оценки за да не предизвикаме поголема агресија“, рече Песков.