Кавадарци доби вода

Од:

Околу три илјади кавадарчани поладнево добија вода за пиење откако беше остранет дефектот во водоводната мрежа. Дел од жителите на Кавадарци, поради дефектот, од вчера немаа вода за пиење.

– Се работеше за дефект во близина на местото каде што пред неколку дена имаше голем дефект кога дел од кавадарчани три дена останаа без вода за пиење. Проблемот повторно се надмина со бај пас откако нашите екипи неуморно работеа на санирање на дефектот. Истовремено ќе се копа нова линија долга 350 метри која би требало да биде готова за пет-шест дена, рече Марјан Прескакулев, раководител на работната единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци.

Прескакулев нагласи дека сега следува нормализирање на притисокот на вода во водоводната мрежа.
Без вода за пиење беа жители на градот од горната зона запад, како и жителите на селата Шивец, Возарци, Трстеник, но и компаниите „Фени” и „Тиквеш“.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Горан Наумовски

33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Семејно насилство во Кавадарци: Маж ја истепал сопругата

Горан Наумовски