Борел: ЕУ ја повикува Русија брзо да се врати на почитувањето на правата

Од:

Европската унија ја изразува својата поддршка за бранителите на човековите права, демократските сили, слободните медиуми и независното граѓанско општество во Русија и ја повикува Русија брзо да се врати на почитувањето на човековите права, меѓународното право и меѓународното хуманитарно право, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Во изјавата за одлуката на Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ) да ја исклучи Русија од членството во таа организација, Борел вели дека со неоправдана агресија врз Украина, друга земја членка на СЕ, Русија ги прекрши основните принципи на Статутот на Советот на Европа, Повелбата на ОН и меѓународното право.

Тој изрази жалење што Русија не ги послуша повиците веднаш и безусловно да ги прекине своите воени операции во Украина.

„Поради однесувањето на Русија, руските граѓани повеќе нема да имаат корист од заштитата предвидена со Европската конвенција за човекови права, ниту ќе можат да поднесуваат случаи за прекршување на нивните човекови права до Европскиот суд за човекови права, што е уште едно ограничување на правата на руските граѓани“, вели Борел во изјавата по повод исклучувањето на Русија од Советот на Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област