Кавадарци втор ден без вода

Од:

Околу 3 илјади кавадарчани втор ден се без вода за пиење на овие високи температури, а причина за тоа е дефект на водоводната линија.

Според Марјан Прескакулев, раководител на работната единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци, се работи за дефект во близина на местото каде што пред неколку дена имаше голем дефект и кога дел од кавадарчани 3 дена останаа без вода за пиење.

– Проблемот повторно ќе се надминува со бај пас. Истовремено ќе се копа нова линија долга 350 метри која би требало да биде готова за 5-6 дена. Кавадарчани кои немаат вода ќе ја добијат во најкус може рок, нашите екипи интензивно работат на терен, рече Прескакулев.

Без вода за пиење се жители на градот од горната зона запад, како и жителите на селата Шивец, Возарци, Трстеник.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски

Психијатри ќе одлучат дали тројцата осомничени за вчерашното убиство во Кавадарци свесно или не го убиле познаникот

Тројца осомничени за убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

Четворица завршија во станица после убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

43-годишен маж е убиен во тепачка во Кавадарци

Горан Наумовски