Менувачките работи кај банките се одвиваат непречено, а банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните, информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА).
– Притоа, курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво, велат од МБА.
Оттаму апелираат до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести, присутни во овој период.
– Уште еднаш потсетуваме дека банкарскиот систем е високо капитализиран и ликвиден и како и во досегашниот период има потенцијал за справување со шокови и натамошна поддршка на компаниите и граѓаните, соопштува МБА.