Поради голем дефект дел од Кавадарци без вода

Од:

Поради голем дефект на водоводната мрежа голем број кавадарчани денеска останаа без вода за пиење.

– Се работи за дефект на водоводната цефка поради кој без вода за пиење се жителите на горната зона од градот-запад, жителите на селата Шивец, Возарци и Трстеник, како и винарската визба „Тиквеш“ и комбинатот „Фени”. Наши екипи интензивно работат на отстранување на дефектот и се надеваме дека до 22 часот дефектот ќе биде саниран, информираше раководителот на работната единица „Водовод и канализација“ при Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци, Марјан Прескакулев.

Во близина на сегашниот дефект пред неколку дена исто така имаше проблем во водоводната мрежа кога голем дел од кавадарчани 3 дена останаа без вода за пиење.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак