(ВИДЕО) Милановиќ: Ова е сериозен инцидент, треба да се утврди како летало од шест тони паднало над Загреб

Од:

Ова е сериозен инцидент. Треба да се утврди како е можно безпилотно летало од шест тони со големина на авион да „помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не го забележи“. Како што стојат работите, полетало од Украина и паднало над Загреб кога останало без гориво, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако синоќа синоќа околу 23 часот во Загреб се урна дрон од руско производство.

„Не добивме никаква дојава. Објектот летал над Унгарија повеќе од 40 минути, во Хрватска летал помалку од седум минути и паднал во областа Јарун, во Загреб, за среќа без жртви. Ова е сериозен инцидент и ние така се однесуваме кон него. Во тек е истрага, сакаме да ги утврдиме сите детали“, рече Милановиќ.

Милановиќ, ги повика граѓаните да останат смирени, посочувајќи дека според проценките ова не било насоченко кон Хрватска.

„Во моментов, предмет на сериозна истрага е како е можно никој да не го забележал ова“ рече Милановиќ, со оглед дека леталото во хрватскиот воздушен простор било многу кратко време.

“Ќе се утврдуваат фактите. Како е можно несофистициран авион да помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не го забележи? Во истрагата се вклучени воени служби. Како што стојат работите, леталото полетало од Украина, паднало над Загреб кога останало без гориво“, рече Милановиќ.

Советникот на министерот за одбрана на Украина, Маркијан Лубкјивски денеска за загрепски „Јутарњи лист“ изјави дека авионот што паднал во паркот во Загреб не е украински и дека очекува официјално соопштение од украинското Министерство за надворешни работи во соработка со Генералштабот на украинската армија.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ