Kанцеларијата за глобално партнерство при Стејт департментот оформи јавно-приватно партнерство со GoFundMe.org а со цел распределба на средства до организации кои помагаат во справување со хуманитарните потреби на оние погодени од агресијата на Кремљ во Украина, јавија денеска оттаму.
-Ова партнерство со GoFundMe.org е креирано за мобилизација на донации од приватниот сектор и од физички лица дадени за поддршка на организации за помош на луѓето погодеи од руските акции, се вели во соопштението.
Бизнисите, филантропските организации и физичките лица кои сакаат да делуваат во хуманитари цели можат да одат на следниот сајт https://www.gofundme.com/f/ukraine-humanitarian-fund соопштуваат од Стејт департментот.
Ситуацијата во Украина е критична со секојдневни воздушни удари на руските сили врз цивилни објекти. Од земјата досага се раселија над два милиони луѓе, најголем дел од нив во западниот дел на Украина и во соседните земји Полска, Молдавија, Романија и Унгарија.
Извор: МИА