Русковска не ја сака во тимот обвинителката што не го докажа случајот „Поткуп“ за Заев

Од:

По четири години гонење организиран криминал, обвинителката Валентина Бислимовска не се покажала во најдобро светло пред шефицата Вилма Русковска. Според информации на „А1он“, таа е единствената од петтемина обвинители што бараат нов мандат, а нема позитивна оценка на нејзината работа од Русковска. Тоа би значело дека шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал му препорачала на Советот на јавните обвинители да ја врати Бислимовска во Обвинителството од каде што дошла, а тоа е скопското.

Ја прашавме Русковска зошто се одлучила на ваков чекор, но таа не сакаше да ѝ објасни на јавноста: „Јас за тоа напишав образложение на оценката. Ако сакаат од Советот да ви кажат – во ред. Не би коментирала“. За другите обвинители, кои и досега беа дел од тимот, а сакаат да останат, шефицата додава: „Во суштина, задоволна сум. Убаво се вклучија во колективот. Се приспособија. Задоволна сум“.

И од Советот на јавните обвинители одбија да коментираат. Од таму велат дека при изборот јавноста е исклучена поради заштита на интегритетот на јавниот обвинител. Овој став доаѓа откога претходно, Ацо Колевски, поранешен претседател на Советот, дозволуваше во живо да се следи изборот на обвинители, односно целото гласање кога е пополнуваа места во Обвинителството за организиран криминал, како и во вишите јавни обвинителства.

Бислимовска беше избрана во јануари 2018 година да гони организиран криминал. Таа го застапуваше и обвинението против експремиерот Зоран Заев за „Поткуп“ кога тој беше ослободен од страна од судот со образложение дека делото не било докажано. Воедно, обвинителката што бара нов мандат го смени и делото за кое се гонеше Заев, па, така, наместо за поткуп, обвинението беше за дадено ветување дека ќе прими награда за службено дејство што морал секако да го исполни како градоначалник на Струмица.

„А1он“ анализира кои се новите кандидати за обвинители. Како што објавивме, меѓу нив е и гостиварскиот обвинител Арсим Адеми. Тој на јавноста ѝ е познат како обвинителот што се спогоди со Зоран Милевски-Кичеец да добие казна од шест месеци како виновен за сообраќајната несреќа кај Стража, при што загина едно лице. На прашањето дали ваков обвинител би можел да гони организиран криминал и да биде дел од нејзиниот тим, Русковска се огради од коментирање.

„Според законот, Советот е тој што одлучува кој ќе биде избран, а кој не. Јас немам надлежност. Сега туѓи одлуки не можам да коментирам. Човекот не го познавам, не можам да кажам ниту кои биле причините за тоа“, рече Русковска.

Позитивни оценки од Вилма Русковска добиле обвинителите Сузана Мирческа-Кузмановска, која ја води истрагата за злоупотребите во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, каде што обвинета е разрешената директорка Лидија Димова. Потоа за обвинителката Марија Ѓоргиева, во јавноста позната како внука на порашениот претседател на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев. За да добие нов мандат, позитивни оценки добила и Енѓелуше Кадриу-Леши, која е дел од полициското одделение. Последна во низата што бара нов мандат и Русковска смета дека го заслужува е Ивана Трајчева, која е застапник на обвинението за Меѓународниот сојуз, а го гони и ексгенералниот секретар Драги Рашковски.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Тетово и во Охрид, има приведени

Катерина Ѓуровски

Шестмина од обвинетите во случајот „Синџир“ прзнаа вина и се спогодија со Обвинителството

Катерина Ѓуровски

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Русковска: Случајот со убиствата на Вања и Панче не смее да добие политичка конотација

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески