Македонските пливачи кои настапија денеска во квалификациите од Светското првенство во Барселона постигнаа послаби резултати од пријавените.
Анастасија Богдановски на 100 метри слободно имаше време 57.78 секунди што е за 56 стотинки послабо од најзиниот најдобар резултат (57.22) воедно и македонски рекорд. Таа во конкуренција на 73 пливачки го освои 44.место.
Горазд Чепишевски на 200 метри грбно исплива за една секунда и 8 стотинки послабо од македонскиот рекорд, што е негова сопственост (2:08.81) и имаше резултат – 2:09.89 минути.
Тој се пласира на 32.место во конкуренција на 35.натпреварувачи. Ова за него беше втор настап, додека Анастасија Богдановски ќе плива и на квалификациите на 50 метри слободно.