Македонија нема да испраќа војници во Украина, а со донацијата не се намалува капацитетот на Армијата

Од:

Македонија нема да испраќа војници во Украина, посочи министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Таа не можеше да открие каква воена опрема се испраќа до воените жаришта во Украина, ниту да каже што стои во класифицираното барање испратено до повеќе земји, меѓу кои е Македонија.

„Одлука за испраќање во Украина нема и нема да има. Ние сме членка на НАТО-алијансата, сите одлуки ќе ги почитуваме. Досега се придружвиме на санкциите кои беа изречени од ЕУ. Доделивме воена опрема и вооружувања, согласно барањето на украинските власти. Нивното барање беше класифицирано, така што и нашата одлука е класифицирана. Дадовме информација, бидејќи сакавме да бидеме транспарентни. Помошта е согласно барањата. Со донацијата не се намалува вооружувањето и капацитетот на нашата Армија“, посочи Петровска.

Прашана дали одговоривме во целост на барањата, министерката рече: „Листата е долга, испратена до сите. Она на кое ние можевме да одговориме, одговоривме“.

Во однос на примање на бегалци, Петровска додаде: „Се разгледуваат капацитетите и се гледа што може да се направи за примање на бегалци. Засега бегалски бран кон нас нема, но ќе понудиме капацитети во рамки на нашите можности. Прво треба да знаеме кои граѓани би се упатиле кон нас, но во секој случај капацитетите кои се користеа претходно, сега се проверуваат во каква состојба сум. Владата ќе излезе со подетални информации“.

Би можело да ве интересира

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Поранешен портпарол на украински премиер ранет во експлозија на автомобил во Москва

(ВИДЕО) Зеленски се надева на договор за прекин на огнот: Европски претставници ќе учествуваат во следната рунда преговори

(ВИДЕО) Путин: Странски трупи во Украина за нас се непифатливи и ќе бидат легитимна цел

ВИДЕО: Украинците нападна една од најголемите рафинерии во Русија

ВИДЕО: Украина го одби американскиот план