Јужнокорејската компанија „Самсунг“ го пушти во продажба новиот телефон Samsung Galaxy S4 Active, за кој тврди дека е водоотпорен, отпорен на прав и сигурен за детска употреба.
Станува збор за телефон кој е многу прифатлива опција за родителите кои имаат немирни деца.
Цената на телефонот изнесува 560 евра. Дизајниран е така што може да остане под вода до 30 минути и има можност за фотографирање со водоотпорен фотоапарат.
Неговиот ЛЦД екран има компонента која овозможува користење во ракавици.
Сепак, гаранцијата која се добива со телефонот не вклучува одредени видови на штета, и тоа во случаи на дефекти или оштетувања кои настануваат по несреќи, злоупотреби, прекумерно користење, неправилно чување, изложување на различни течности, влага, песок или кал, и необично физичко или електромеханичко оштетување.