Османи на средба со со Македонците во Албанија

Од:

Во рамките на својата работна посета на Република Албанија, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со Македонците во Албанија, како и со претставниците на нивните здруженија.

„Во разговорот беа разгледани повеќе прашања поврзани со натамошното унапредување на нивниот статус во албанското општество, како и за начините како двете држави, во рамките на својата соработка, можат да го помогнат овој процес.

Детално беше разговарано за потребата од натамошно поврзување и продлабочување на соработката, особено од аспект на културната, образовната и економската сфера. Во оваа насока беше истакнато задоволство од активната поддршка што Министерството за надворешни работи ја дава во реализација на проектите поврзани со активностите на македонските здруженија.

Меѓу другото, заеднички беше констатирана потребата од промена на режимот на граничните премини, како што е привремениот граничен премин Требиште-Џепиште, како и заложбите на Владите на Северна Македонија и Албанија за целосно имплементирање на проектите кои произлегуваат од иницијативата Отворен Балкан.

Османи ги запозна присутните за активностите и напорите поврзани со формалното започнување на пристапни преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, како и за придобивките кои ќе произлезат од тој процес“, велат од МНР.

Би можело да ве интересира

Муцунски за Османи: Не успеа да добие доверба од своите соседи, а држи лекции за политички легитимитет

А1он

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци

А1он

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

Партијата на Македонците и другите малцинства во Албанија, побараа загарантирано парламентарно претставување и јавно финансирање