Брајан Биниак, потпретседател во Nokia, изрази голема загриженост од бавниот развој на мобилната платформа Windows Phone на Microsoft нивниот најголем партнер.
Со секој нов уред што Nokia го лансира се очекува и голем број на апликации кои недостигаат во овој момент што пречи во продажбата.
Биниак смета дека на луѓето им се потребни популарните апликации кои ги користат секојдневно па затоа е тешко да се одлучат да се префрлат од Android или iOs на Windows Phone. Microsoft има проблем да ги привлечи врвните студија за изработка на апликации, но тоа полека се менува.