Луѓето кои примиле две дози од вакцината против коронавирус и оние кои биле заразени со Ковид-19 немаат речиси никаква заштита од сојот омикрон, кој сега е најраспространет, покажа студијата на Медицинскиот универзитет во Виена.
Само луѓето кои го примиле бустерот, односно третата доза, развиваат антитела кои делумно можат да го блокираат сојот на омикрон.
Студијата го анализираше статусот на антителата и заштитата од таканаречените соеви од Вухан, делта и сегашниот вид омикрон. Се покажа дека излечените и двојно вакцинираните лица развиваат антитела против делта сојот. Сепак, овие антитела не беа во можност да го блокираат омикрон сојот.