Ибраимовски: Мазнески со 14 илјади евра потплатил судии за пресуда во негова полза

Од:

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски, и коалиционен партнер на Сојузот за иднината, реагира на барањето за наплата на пресуди за случајот Интермаркет за коишто постојат наводи дека се криминални.

Уште пред 5 години испратена е ургенцијата до Секторот за организиран криминал а запознаена е и министерката Јанкуловска лично во нејзиниот кабинет, дека пресудите што ги донесе Основниот суд во Тетово, според овој документ, се коруптивни. Но, досега нема никаква реакција од МВР. Во известувањето до МВР е приложен документот на којшто се потпишани тројца најголеми акционери во фирмата Интермаркет, вели тој.

Акционерите, како што вели Ибраимовски, потврдуваат дека тогашниот директор Сашо Мазнески им барал пари за како што им рекол издејствувани позитивни пресуди во основните судови, Апелациониот суд во Скопје и Врховниот суд. Мазнески, според акционерите кои се подготвени и лично да го кажат ова пред надлежните органи, со 14 илјади евра потплатил судии да донесат пресуда во негова полза.

Што е ова, ако не е е корупција во судството, една од најкритикуваните области во сите извештаи на Европската унија?

Од министерката Гордана Јанкуловска и од директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков јавно барам најсериозно да го разгледаат овој коруптивен случај, срам за македонското судство.

Стојам на располагање на сите надлежни органи да се расветли овој случај, заврува Ибраимовски.

Би можело да ве интересира

Фрлена експлозивна направа во партиски клуб на ПЦЕР во Тетово

А1он

(ВИДЕО) Коалицијата „Храбро за Македонија“ до ДИК ги поднесе листите за кандидати за пратеници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Самка Ибраимовски: Доста е да не водат семејни кланови и партиски потрчковци

A1on

Министерот без ресор Ахмедовски два часа го чекал кумановскиот градоначалник на средба, а тој не се појавил

Наум Локоски

Ибраимовски ја напушта министерската функција, ќе биде пратеник

Ана Ололовска

Ибраимовски: Додека Бајрам се смееше на бината, негов сопартиец мртов лежеше на асфалтот

Емир Латифовиќ