Лавров в четврток на средба со Блинкен

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска соопшти дека ќе се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен в четврток во Женева, во услови кога тензиите се зголемуваат поради стравувањата од руска инвазија на Украина.

За време на вонредниот состанок на рускиот Национален Совет за безбедност, Лавров рече дека разговарал со Блинкен за безбедносните барања на Русија и дека следниот состанок е „закажан за 24 февруари во Женева“.

Лавров рече дека неговиот американски колега му се јавил „неколку дена“ откако Русија одговорила на американските безбедносни предлози, велејќи дека е „подготвен да се сретне и да разговара за нив“.

Москва бара од Западот цврсто уверување дека на Украина никогаш нема да и биде дозволено да се приклучи на НАТО, како и Алијансата да ги повлече силите од Источна Европа. На седницата на Советот за безбедност Лавров го информираше рускиот претседател Владимир Путин за руските барања. -Западните земји „не се подготвени да ги прифатат нашите главни предлози, особено се што е поврзано со проширувањето на НАТО на исток“, брифираше Лавров.

– Сепак, дијалогот со Западот мора да продолжи, рече тој.

– Почетокот на дијалогот за сите прашања е оправдан со нашите прелиминарни чекори за деескалација на (ситуацијата) околу Украина, рече Лавров.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: Плановите на Зеленски се движат од глупави до неуспешни

А1он

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин