Коронавирусот остава последици во форма на психички проблеми, стрес, анксиозност, но и нарушувања во исхраната.
Коронавирусот кај претходно здрави пациенти предизвикува не само ментални здравствени проблеми, туку и нарушувања во исхраната во загрижувачки висок процент, покажа новото истражување.
Истражувачите анализирале податоци од повеќе од 153.000 пациенти, воени ветерани на САД и откриле дека претходно здравите пациенти имале значителен скок во бројот на пријавени проблеми со менталното здравје, вклучително и нарушувања во исхраната.
Студијата опфати три групи – луѓе кои прележале ковид и немале ментални проблеми претходно, луѓе кои немале ковид и „контролна“ група, односно податоците добиени пред пандемијата на коронавирусот.
Откриено е дека пациентите кои прележале ковид имале 39 отсто поголеми шанси за депресивни нарушувања, како и 35 отсто поголеми шанси за случајни анксиозни нарушувања во месеците по инфекцијата. Во оваа група спаѓаат и проблемите со исхраната како што се булимија или анорексија.
Во таа група имало 38 отсто повеќе случаи на стресни пореметувања, како и 41 отсто повеќе нарушувања поврзани со спиењето. Речиси 19 отсто од нив добиле дијагноза или им била препишана терапија поради невропсихијатриски проблеми.
„Треба да им обезбедиме на пациентите соодветна грижа по закрепнувањето за да немаме многу поголема криза во иднина“, вели д-р Зијад ал Али, клинички епидемиолог од Сент Луис.