Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја прифати понудата на Русија да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 23 февруари, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
– Секретарот Блинкен ја прифати поканата да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Лавров следната среда, изјави Псаки на редовниот брифинг.
– Се уште веруваме дека Русија се обидува да ја нападне Украина. Се разбира, тие можат да се предомислат и имаме намера да ја оставиме отворена вратата за дипломатијата, рече портпаролката на Белата куќа.
Извор: МИА