Косово ја засилува дипломатската служба

Од:

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Косово изјави дека неговата држава ќе отвори претставништво во Црна Гора и Египет и дека ќе го зголеми бројот на дипломати во САД и Брисел.

Според зборовите на Артан Беграми министерството ќе оцени дали има потреба да се отворат нови претставништва, но и дали е оправдано постоењето на одредени.

-Ние сме во фаза на проширување и засилување на претставништвата. Отворање на нови ќе биде на основа на претходните анализи кои ќе се засноваат на целта на надворешната политика на Косово-рече тој.

Беграми додаде дека има потреба да се зголеми бројот на лица во Брисел, бидејќи ќе се засилат активностите во врска со европските интеграции на Косово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски