Ирански професор ги оспорува историските заслуги на Александар Велики

Од:

Александар Велики е насликан во западната историографија, како легендарен освојувач и воен командант, но она што тој го оставил зад себе е многу поразлично, ако се гледа низ очите на Персија и на денешната иранска историографија, тврди професорот Али Ансари, директор на Институтот за ирански студии на универзитетот Сент Ендрјус во Шкотска.

Според професорот Ансари, Александар не заслужува да биде нарекуван Велики, затоа што го уништил до темел Персеполис, церемонијалната престолнина на стара Персија. Градот што бил изграден од Дариј Велики и разубавен и насликан од неговиот син Ксерксес бил целосно разурнат по една „пијана ноќ“ на Александар, помината со своите команданти и по наговор на неговиот љубовник, Грк, како одмазда за палењето на Акрополис од страна на војската на Ксерксес.

Иранскиот историчар не го прифаќа опишуваљето на Александар во историите на Западот, како освојувач на Персија и голем воен стратег и гениј, затоа што на тој начин, се добива впечаток дека стара Персија постоела само за да може да биде освоена од Александар. Тој ги обвинува за тоа грчките записи, во кои инвазијата на Александар, се опишува и објаснува како првата од многуте крстоносни походи на Западот, за да му донесат цивилизација на варварскиот Исток.

Таквото толкување е погрешно, затоа што персиската империја била цел на освојувањата, не за да се цивилизира и за да и се донесе западната култура, туку затоа што тогаш беше најголемата империја што светот ја познавал, на која античките Грци, иако војувале со неа и се восхитувале, тврди иранскиот професор Ансари. Тој открива дека многу антички Грци, по двете војни со Персијците, во кои победиле, сепак, заминале да работат на персискиот двор. Ансари вели дека и политиката за управување на териториите што се освоени при воени походи, што му се припишува на Александар, всушност, е персиска политика, која тие ја применувале при своите походи.

На Александар Велики, овој ирански научник му забележува што немал никаков респект кон персиската религија и култура, уништувајќи многу нејзини светилишта и културолошки локации, што е обратно од заслугите што му ги припишуваат од западната историографија. Ансари, сепак, признава дека по уништувањето на Персеполис, Александар почнал да го менува својот однос кон Персијците и дури наредил да се обнови градот Пасагад, што неговата војска претходно го уништила.

– Ако живееше подолго, можеби Александар ќе беше запаметен по повеќе вакви дела, а не по уништувањето, но Персијците се сложиле со својот македонски освојувач, примајќи го и него како и другите освојувачи, при правењето на својата национална историја, вели во својата студија професорот Али Ансари.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ