Бајден и Макрон разговараа за украинската криза

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за украинската криза.

Како што е соопштено денеска од Белата куќа, разговорот бил за неодамнешната посета на Макрон на Русија и на Украина.

Двајцата лидери, исто така, разговараа за тековните дипломатски напори и мерките за одвраќање преземени во тесна координација со сојузниците и партнерите, како одговор на „постојаното зголемување на руските сили на границата со Украина“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина