Израел: Луѓето со дефицит на витамин Д имаат потежок ковид

Од:

Израелските научници соопштија дека откриле значителни разлики во шансите за развој на сериозни последици од Ковид-19, кога ги споредиле пациентите кои имале доволно ниво на витамин Д пред да се заразат со оние кои не го имале.

Една неодамнешна студија, објавена во научното списание PLOS One, покажа дека половина од луѓето кои имале недостаток на витамин Д пред да се заразат со Ковид развиле тешки форми на болеста, во споредба со помалку од 10 проценти од луѓето кои имале доволно ниво на витаминот во крв, пренесува Business Insider.

Одамна е познато дека витаминот Д е од витално значење за здравјето на коските, но неговата улога во заштитата од тешкиот ковид досега беше помалку позната. Најновото истражување е првото што ги испитува нивоата на витамин Д кај поединци пред да се заразат со Ковид-19, велат авторите на студијата.

Поголемиот дел од витаминот Д доаѓа од директното изложување на кожата на сончева светлина, а го има и во храната како што се мрсна риба, печурки, жолчки од јајце и суплементи. Нивото на витамин Д повисоко од 20 нанограми на милилитар се смета за доволно за повеќето луѓе, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски