Кошмарна олимпијада за Михаела Шифрин

Од:

Зимските олимписки игри во Пегинг стнаа кошмар за легендарната Американка Михаела Шифрин. Откако не ја заврши трката во велеслалом, не успеа да стигне до целта ниту во омилената дисциплина, Слалом.

Трката во слалом, во која победи Петра Влхова, Шифрин ја заврши на самиот почеток. Американката излета од патеката по само осум секунди. Истото и се случи и во велеслалом, на патеката се задржа само 11 секунди.

Откако излета од патеката во слалом, Шифрин 25 минути седеше крај патеката, дури потоа се спушти до целта.

„Се навраќамм на се она што се случуваше во последните 15 години, за се што мислев дека знам за скијањето, за менталитетот што го имам. Притисокот беше голем, но мислам дека тоа не беше проблемот денес“, рекла 26-годишната Американка.

ЗОИ во Пекинг се трети во кариерата за Шифрин. Во 2014 година во Сочи беше златна во слалом, а во 2018 година во Пјонгчанг освои злато во велеслалом.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шчербакова го освои златото во уметничко лизгање

А1он

ВИДЕО: Трусова направи историски подвиг, па во солзи изјави дека се откажува

А1он

Гисин повторно најдобра во комбинација

ВИДЕО: Лизгачката која несакајќи ги покажа градите на последните Олимписки игри, сега освои златен медал

А1он

Одермат златен во велеслалом, Словенецот Крањец сензацонално до среброто

Блинкен не исклучува руски напад врз Украина и за време на ЗОИ во Пекинг

А1он