Матијас Маер ја одбрани олимписката титула во супервелеслалом и стана првиот алпски скијач во историјата кој освоил злато на три различни Зимски олимписки игри по ред.
Маер беше олимписки првак во истата дисциплина и пред четири години во Пјеонгчанг, а во 2014 година во Сочи победи во спуст.
Искусниот Маер во Пекинг ја одбрани титулата во супервелеслалом и само за 4 стотинки имаше подобро време од сребрениот Рајан Кохран-Сигл од САД, додека трет беше Александер Омот Килде од Норвешка.
За Маер, ова е втор медал на ЗОИ во Пекинг, откако го освои третото место во спуст.