ВМРО-ДПМНЕ: Власта да објасни како анонимна фирма од Тетово стигнала до тендери од 4 милиони евра

Од:

Власта на ДУИ и СДСМ треба да објасни како една анонимна компанија која низ годините наназад работела на ситни тендери, одеднаш станува клучен партнер на министерството за образование и наука велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Согласно податоците доставени до Бирото за јавни набавки на 4 февруари, компанијата ХИЛДИН КОМЕРЦ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово е ангажирана на ДВА тендера за градежни активности во вкупна вредност од 225.878.041 денари или 3 милиони 673 илјади евра. Министер од СДСМ тендерира, министер од ДУИ спроведува. За еден месец скоро 4 милиони евра добила една анонимна компанија. Сложно, нема што. Поставуваме прашање според кој критериум токму ХИЛДИН КОМЕРЦ од Тетово е избрана за вакви крупни тендери, кои се особено атрактивни дури и за поголеми и пореномирани компании? Како компанија која до пред некое време реализирала тендери од стотина илјади, доаѓа до тендери тешки милиони – се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?