Противпожарни екипи се борат со силни шумски пожари на грчките острови Родос, Крит и Серифос во Егејско Море, соопшти телевизискиот канал „Скај“.
Истовремено, продолжува да беснее пожарот на Мокра Гора, во Србија. Противпожарни и полициски службеници продолжуваат со гаснење на пожарот, кој успеа да зафати над 25 илјади хектари вегетација и шума. Сепак, нема загрозени објекти и население.
Началникот за вонредни ситуации на српското МНР Џорџе Бабиќ, за Танјуг изјави, дека околу 200 пожарникари ќе дежураат во текот на ноќта со цел пожарот да не се прошири, додавајќи дека на нив им помагаат околу 60 полицајци.
Пожарот зафаќа тешко пристапен терен, а работата е отежната и поради ветерот што дува од различни правци. Во гаснење на пожарот на Тара се ангажирани 50 различни специјални возила.
Пожарите во Егејско Море избвнаа вчера поради високите температури кои достигнаа до 37 степени целзиусови. Огнот дополнително се разгоре поради силниот ветер.
Според противпожарните служби нема опасност по населението на островите, но превентивно некои населени места се евакуирани.