Пожар во старски дом во Кавадарчко, евакуирани 30 станари

Од:

РЦУК Велес, известува дека во село Чемерско во општина Кавадарци, има пожар во старечкиот дом. На терен се 10 пожарникари со три противпожарни возила и интервенираат.

Исто така во терен има уште три медицински тима и две полициски коли со осум полицајци. Во меѓувреме се евакуираат 30 лица кои се сместени во старечкиот дом со две мини возила (минибуси), се додава во известувањето.

-Нема жртва, тоа е најбитно. Приоритет беше да се извлечат на безбедно сите лица што престојуваат во домот. Имаме пратено два минибуса, пет амбулантни возила и ќе се транспортираат сите до Општа болница Кавадарци, од каде што семејствата ќе можат да си ги земат, истакна градоначалникот, вели градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Пожарот во Визбегово се уште е активен

Пожар во Визбегово, интервенираат скопските пожарникари

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи