Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Од:

Голем пожар го зафати селото Совеја во округот Вранча, Романија, при што околу 300 жители се евакуирани, а 32 домови се целосно уништени. Пожарот избувна во утринските часови, најверојатно поради пожар во оџак на куќата на постара жена, а за само неколку часа прерасна во катастрофа од големи размери.

Пожарот брзо се прошири поради силните ветрови. Мештаните велат дека куќите, претежно дрвени, се запалиле речиси истовремено.

– Искрите како да „скокаа“ од една куќа до друга. Не знаевме што прво да спасиме, рече еден жител.

На местото на настанот се повеќе од 200 пожарникари од шест окрузи, со десетици возила и опрема. Според портпаролот на ISU Вранац, Флорин Олару, во гаснењето на пожарот се вклучени 13 противпожарни возила со вода и пена, седум оперативни камиони, три минибуси за транспорт на персонал, како и две екипи на брзата помош на SMURD.

Поради стрес и губење на имот, четири лица доживеале напади на паника, но нема информации за сериозни повреди.

Евакуираните семејства се привремено сместени во селски пансиони и во базата на спасувачката служба Салвамонт. Најранливите селани, вклучувајќи ги старите лица и децата, се згрижени од соседите и роднините.

„Мораме да им помогнеме, не можеме да ги оставиме на улица. Бараме итни решенија за сместување“, рече градоначалникот на Совеја, Јонук Филимон.

За селаните од ова подрачје, трагедијата има дополнителна тежина, бидејќи ги потсетува на голем пожар пред 70 години, кога загинаа 17 лица, а речиси целото село, со околу 370 куќи, беше уништено. Тогаш, како и сега, јавните згради, вклучувајќи градинка и општински објекти, беа претворени во пепел.

Истрагата за причината за пожарот е во тек, додека властите ја проценуваат штетата и организираат помош за погодените семејства.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во фабрика за автомобили – црн облак го покри небото над Барселона

А1он

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Норвешка бара од ФИФА да го истражи доделувањето на наградата за мир на Доналд Трамп

(ВИДЕО) Русите објавија што погодиле во Украина: Оваа пракса ќе продолжи

Предраг Петровиќ

Притисок и ултиматум од Русија за Ерменија: Или ЕУ или ЕАЕУ

Русија: Тврдењата за руски беспилотни летала над Европа се неосновани