Претседателот на Гвинеја-Бисау избегна државен удар: „Сакаа да го убијат него и целиот кабинет“

Од:

Претседателот на Гвинеја Бисау, Умаро Сисоко Ембало, избегна обид за државен удар во вторникот, последниот во серијата државни удари низ Западна Африка.

Претседателот Ембало и министрите одржале вонредна седница во владината палата, кога биле нападнати од вооружени лица, чии мотиви за нападот се уште не се познати.

„Тие сакаа да го убијат претседателот на Републиката и целиот кабинет. Сигурно го организирале оние кои се противат на одлуките што ги донесов, особено онаа за борбата против трговијата со дрога и корупцијата“, рече Ембало, додавајќи дека пет часа биле изложени на пукотници.

Според него, „има многу загинати, но и уапсени“.

Гвинеја Бисау, држава со приближно два милиона жители која се граничи со Сенегал и Гвинеја, претрпе неколку удари. Откако се стекна со независност од Португалија во 1974 година, по долга ослободителна војна, таа доживеа четири државни удари, од кои последниот беше во 2012 година. Од 2014 година властите се обврзаа на повторно воспоставување на уставниот поредок.

Од почетокот на 2020 година на власт е Ембало, поранешен генерал, по победата на претседателските избори, чии резултати ги оспорува Африканската партија за независност на Гвинеја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска