Група навивачи на фудбалскиот клуб Сараево вчеравечер предизвика прекин на натпреварот влегувајќи на теренот почнале вербално да ги навредуваат играчите, а потоа им ги скинале дресовите.
Медумите во БиХ јавуваат дека фудбалерите на Сараево видно вознемирени и со солзи во очите го напуштиле тренингот.
Овој инцидент исто така ја прекинал и седницата на Управниот одбор на ФК Сараево, а дел од членовите на раководното тело на клубот тргнале кон стадионот да разговараат со навивачите.
Незадоволството на навивачката група „Хорде Зла“ се појави по елиминацијата од Лигата на шампионите на Сараево од албанскиот шампион Кукеси.