Гугл со софтвер го подобрува времетраењето на батериите за мобилен

Од:

ко постои еден главен проблем за сите корисници на телефони, без разлика дали станува збор за Андроид, ајФон или Вин 8, тогаш тоа секако е времетраењето на батеријата.


Како апаратите стануваат се помоќни, батериите изгледаат се послаби. Но, веројатно Гугл дојде до софтверско решение за овој проблем.


Џон Леви од „ПокитНау“ добил можност да ја тестира раната верзија на новата верзија на Андроид. Една од работите кои се издвоиле за време на тестирањето бил податокот дека тој добил речиси 25 часа „живот“ за батеријата на својот Андрид телефон


– На Андроидот 4.2.1 можев да очекувам од четири до шест часа користење пред да му дојде времето за полнење. Меѓутоа, јас својот телефон го користам многу поинтензивно од еден просечен корисник, така што времетраењето на мојата батерија е значително пократко од она што другите можат да го очекуваат. На Андроидот 4.3, без менување на навиките, телефонот успеа да издржи цел ден користење, цела ноќ, а имаше доволно сила и до изутрината. Бев во состојба на си обезбедам над 25 часови користење. Тоа е многу импресионивно, истакна Леви.


Џон новиот оперативен систем го тестирал на Нексус 4, па затоа останува да се види како новиот Андроид ќе влијае врз траењето на батериите на другите модели.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ