Во оддалечената островска држава Кирибати, беше воведен локдаун откако патници на првиот меѓународен лет во последните 10 месеци беа позитивни на Ковид-19.
На граѓаните им е наредено да останат дома, а друштвените собири се забранети, јавува Би-Би-Си.
Мерките беа воведени откако 36 патници кои пристигнаа од Фиџи беа позитивни на тестот.
До минатата недела во Кирибати беа потврдени само два случаи на Ковид-19.
Кирибати е една од најизолираните земји во светот, оддалечена околу 5.000 километри од најблискиот континент, Северна Америка.
Ова е прво заклучување воведено во оваа држава.