НАТО ги отфрли руските барања да ги повлече своите сили од Романија и Бугарија

Од:

НАТО ги отфрли руските барања да ги повлече своите сили од Романија и Бугарија, додека дипломатските напори продолжија да се спречи војна во Европа, откако Русија собра десетици илјади војници во близина на границите на Украина.

„НАТО нема да се откаже од нашата способност да се заштитиме и браниме меѓусебно, вклучително и со присуството на војници во источниот дел на алијансата“, наведе портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску во изјава. Москва побара правно обврзувачки гаранции од НАТО дека блокот ќе го запре своето проширување и ќе се врати на своите граници од 1997 година.

Претходно денеска, руското МНР објави дека безбедносните гаранции што Москва ги бара од Западот вклучуваат одредби со кои се бара силите на НАТО да ги напуштат Романија и Бугарија.

„Ние отфрламе каква било идеја за сфери на влијание во Европа. Секогаш ќе одговориме на секое влошување на нашата безбедносна средина, вклучително и преку зајакнување на нашата колективна одбрана“, нагласи портпаролката на НАТО.

„НАТО е буден и продолжува да ја проценува потребата од зајакнување на источниот дел на нашата Алијанса“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он