Цивилниот механизам за заштита на ЕУ денеска испорача над 2,2 милиони дози вакцини во Иран за бегалците од Авганистан.
Испратените дози се на барање на иранските власти и испорачани од страна на Шпанија, со координација на Европската комисија за транспорт и логистика.
Еврокомесарот за хуманитарна политика, Јанез Ленарчич, изрази задоволство.
-Испораката на над 2,2 милиони вакцини од Шпанија до Иран беше олеснето од страна на Цивилниот механизам за заштита на ЕУ и е уште еден цврст пример за европската солидарност. Делењето на вакцини глобално е најефикасниот начин да се стави крај на пандемијата и да се спасат животи и се заблагодарувам на Шпанија што одговори на овој повик, рече Ленарчич.
Иран ќе добие дополнителни дози во наредните денови од Шведска и Полска, вкупниот број ќе изнесува над 6 милиони.
До сега преку Цивилниот механизам испорачани се над 37 милиони дози вакцини од ЕУ во целиот свет, велат од ЕК.
Извор: МИА