Стевчо Јакимовски позитивен на Ковид-19, ги повикува сите кои биле во контакт со него да одат во самоизолација

Од:

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, објави дека е позитивен на коронавирусот. Тој информирацијата ја сподели со јавноста преку неговиот Фејсбук профил.

„Иако ги почитуваме сите протоколи, како општинска администрација не можеме комплетно да се изолираме и да ги занемариме проблемите на граѓаните, па вирусот не нѐ заобиколи.

Ве замолувам сите кои бевте во контакт со мене овие денови да бидете совесни, да ги следите протоколите за самоизолација и да ги превземете сите потребни мерки“, вели Јакимовски.

Тој вели дека и покрај позитивниот резултат на вирусот, се чувствува добро и се надева дека за брзо ќе се врати на обврските во Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

ГРОМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за нова градинка, две спортски сали и реконструкција на улици – дури и кога проектите ги одобри нивната Влада

Советниците од Карпош се противат на владината одлука за одземање на салата „Партизан“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Јакимовски: Владата веќе 11 месеци не дава одобрение за негувателки и воспитувачки во градинките во Карпош

(ВИДЕО) Јакимовски: Не молчам, градат на диво, милиони испаруваат, владата спие

Јакимовски: Легализацијата на еден од објектите за кои сум осуден, ја водел како полномошник Панче Тошковски