Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО) Сумја Сваминатан го поздрави фактот дека владите веќе се подготвуваат за транзиција од пандемија на коронавирус во ендемична состојба, но исто така посочи дека не е можно една земја да биде ендемична, а остатокот од светот во пандемија.
„Очекуваме дека огромен број луѓе во светот ќе бидат заразени со сојот омикрон и ќе ина имунизации за други видови“, изјави таа за германскиот весник „Ханделсблат“.
Таа вели дека се уште не е јасно дали по сојот омикрон ќе следи премин во ендемична состојба. Забележува дека ниту една земја не може да стане ендемична ако остатокот од светот е сè уште среде пандемија.
Прво, додава таа, целта мора да биде до средината на годината стапката на вакцинација во светот да се подигне на 70 проценти.