Оксфам: Богатството на милијардерите за време на пандемијата се зголеми повеќе отколку во изминатите 14 години

Од:

Двојно е зголемено богаството на десетте најбогати луѓе во светот од почетокот на падемијата со коронавирусот – од 700 милијарди долари на 1,5 илјади милијарди долари, или во просек 1,3 милијарди долари дневно, се наведува во извештајот на невладината организација Оксфам.

Повеќе од 160 милиони луѓе, пак, се очекува да паднат под прагот на сиромаштија, се посочува во извештајот „Нееднаквоста убива“, објавен денеска пред публикувањето на програмата на Светскиот економски форум во Давос.

Оксфам ја опишува нееднаквоста како „економско насилство“ и вели дека тоа е поврзано со смртта на 21.000 луѓе секој ден поради недостиг на пристап до здравствена заштита, глад, климатски промени итн. Во исто време, богатството на милијардерите се зголемило во текот на пандемија повеќе отколку во претходните 14 години.

Оксфам забележува дека пресметките за богатството се засноваат на најсовремените и најкомплетните достапни податоци. Организацијата го искористи и рангирањето на милијардери што го направи американскиот бизнис магазин „Форбс“. Според листата на Форбс, десетте најбогати луѓе во светот се: извршниот директор на Тесла, Илон Маск, основачот на Амазон, Џеф Безос, основачите на Гугл, Лери Пејџ и Сергеј Брин, основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, поранешните извршни директори на Мајкрософт, Бил Гејтс и Стив Балмер, поранешен извршен директор на Оракл. Лари Елисон, американскиот инвеститор Ворен Бафет и сопственикот и извршен директор на француската компанија за луксузни производи LVMH Бернард Арно. Според извештајот, растечките економски, родови и расни нееднаквости, како и нееднаквостите меѓу земјите, го уништуваат светот во кој живееме.

„Не е прашање на случајност, туку на избор. Економското насилство се случува кога се одржуваат структурни политички избори во служба на најбогатите и најмоќните луѓе. Ова предизвикува директна штета на сите нас и на најсиромашните, жените и девојките и особено расно поделени групи“, пишуваат авторите на документот.

„Никогаш не било поважно од сега да почнеме да ги коригираме неправдите на оваа непристојна нееднаквост со „одземање“ на дел од огромното богатство на елитата, вклучително и преку оданочување.Тие пари треба да се вратат обратно во реалната еконоимија и да спасат животи, нагласува генералната директорка на Оксфам, Габриела Бухер. Според неа, пандемијата со Ковид-19 ја покажа јавно алчноста и можноста со политичи и економски средства крајната нееднаквост да стане инстримент за економско насилство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски