Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва, ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Данска, најголемиот фаворит за титулата, ќе ги тестира можностите на селекцијата што ја предводи Кирил Лазаров.
Македонија, по поразите од Словенија и Црна Гора, остана без шанси за пласман во втората рунда. За крај на ЕП, македонските ракометари ќе си ги одмерат силите со Данска.
Јасно е дека во овој дуел Македонија влегува како тотален аутсајдер против репрезентацијата што веќе обезбеди место во втората рунда.
Во вториот натпревар Словенија и Црна Гора ќе решаваат која селекција ќе ѝ се приклучи на Данска во наредната фаза од првенството.
Натпреварот Македонија – Данска во Дебрецин ќе почне во 20.30 часот.