Илјадници Тунижани денеска се собраа пред зградата на Министерството за внатрешни работи во туниската престолнина, протестирајќи заради убиството на водечкиот туниски опозициски политичар Мохамед Брахми.
Демонстрантите извикуваа пароли против исламистичката влада и повикуваа на нејзина оставка, пренесоа британските меидуми.
-Долу владеењето на исламистите, извикувааа присутните.
Петок е прогласен за ден на жалост во Тунис ззаради атентатот на Брахми, изјави денеска претседателот на Уставотворното собрание.
Брахми и припаѓаше на националистичката и секуларна Национална партија. Убиен е со истрели од огнено опружје, но други детали за атентатот за сега не се наведуваат.
Ова е второ убиство на секуларен политичар во Тунис годинава. Пред шест месеци беше убиен Чокри Белаид. Тоа убиство предизвика бран протести ширум Тунис, наведуваат британските медиуми.