Денеска Кина дополнително ги заостри санитарните мерки за борба против инфекцијата со коронавирус по зголемувањето на бројот на новозаразени лица пред почетокот на Зимските олимписки игри за нешто повеќе од две недели.
Властите повикаа никој да не патува освен ако е апсолутно неопходно, без гаранција дека ќе им биде дозволено да се вратат ако се открие дека го посетиле градот или регионот каде што има зголемување на бројот на заразени.