Кина во текот на идните пет години ќе потроши 275 милијарди долари за борба против загадувањето на воздухот, која стана приоритет на државниот врв.
Бројката е поголема од минатогодишниот БДП на Хонг Конг, кој изнесуваше 263 милијарди долари и покажува дека владата е подготвена да придонесе за подобрување, кога станува збор за загадениот воздух во Кина.
Како што пренесуваат кинеските медиуми, планот за борбата против загадувањето ќе се однесува пред се на Пекинг, пристаништето Тиаљин и густо населената провинција Хебеи.
Кинеската влада долго време го занемаруваше проблемот со екологијата, бидејќи главната цел беше економскиот развој, поради што сега најголемите кинески градови се истовремено и меѓунајзагадените во светот.
Елена Георгиевска