Лекови во аптеките има само на приватно, паднала врската со Фондот

Од:

Од вчера попладне врската меѓу аптеките и Фондот за здравство е во прекин. Аптекарите не можат да издаваат лекови кои се на товар на Фондот, па пациентите приватно си ги плаќаат и лековите кои се на позитивната листа.

Од Фондот за здравствено осигурување на Македонија потврдија дека има некаков прекин, но грешката не била кај нив.

„Прекината е врската и се работи на нејзино повторно воспоставување но не е кај нас туку во ’Мој термин’. Аптеките прво се поврзуваат со ’Мој термин’, а од таму со нас. Уште утрово се слушнав со колегите од ’Мој термин’, само кусо ми кажаа дека кај нив е проблемот“, вели Сашо Станчески, директор на секторот информатика во Фондот за здравство за „А1он“.

Директорката на Управата за електронско здравство Жаклина Чагароска за „А1он“ вели дека проблемот веќе го надминале и врската со аптеките повторно е воспоставена.

„Имаше прекин поради проблем со лекови издадени од лекар специјалист. Веќе е надминат. Добивме потврда од дел од аптеките дека имаат конекција“, рече директорката Чогоровска.

На проблеми со системот синоќа се пожалија и матичните лекари кои не можат да креираат упат за тестирање за Ковид – 19. Соочени со најголем досега притисок од пациенти кои бараат термини за тестирање, матичните велат дека синоќа во системот го снемало алгоритмот за закажување тестирарања. Директорката Чагароска објасни дека е сменет начинот на закажување тестирање за Ковид – 19 од кој е избришан задолжителниот прашалник па сега без пополнување на прашалникот се закажува тестирањето. За измените вели дека ги известиле матичните лекари.

Би можело да ве интересира

Од идната недела во САД ќе може да се купи вакцина против Ковид-19 во аптека

Жарко Настоски

За само 17 дена издадени рекордни 60.000 рецепти за „сумамед“ и „панцеф“

Електронски креираните рецепти се достапни во сите аптека низ државата

Ана Ололовска

Електронски рецепти за хронично болните, нема потреба да се оди на лекар

Мери Јордановска

Аптеките ги поскапеле заштитните маски зошто добавувачите ги зголемиле цените

А1он

Здружението на приватни аптеки против одлуката на МЗ за проширување на мрежата на аптеки

Ана Ололовска