А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Здружението на приватни аптеки против одлуката на МЗ за проширување на мрежата на аптеки

by А1он29/01/2020 - 14:51691
Share0

Здружението на приватни аптеки денеска соопшти дека е против одлуката на Министерството за здравство да ја проширува мрежата на аптеки доколку нема потреба од аптека на одредена територија на државата, потенцирајќи дека тоа не е во согласност со постоечките законски регулативи, Законот за здравствена заштита т.е. Уредбата за мрежата на здравствени установи, што е составен дел од овој Закон.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од Здружението прашуваат дали тоа треба да значи дека се отвора мрежата на здравствени установи, дека Уредбата за мрежа на здравствени установи е укината или не се почитува и според кои показатели/испитувања Министерството за здравство дошло до заклучок дека е потребно проширување на мрежата на здравствени установи, со оглед на податоците од 2012 година, кога е констатирано дека има вишок на аптеки, а не недостиг.

Отворањето нови аптеки, посочуваат од Здружението, ќе придонесе за голема дефицитарност на, и така присутниот проблем со фармацевтскиот кадар, што го следи трендот на отселување. Според Здружението, да се отвора мрежата на аптеки без пред тоа да се подобрат критериумите за отворање на посовремени аптеки нема никаква смисла, бидејќи во државата има голем број аптеки.

-Се согласуваме со овој повик доколку важи само за оние општини, региони, рурални подрачја каде реално според критериумите и демографските стандарди од Уредбата за мрежата, има реално недостиг на аптеки или аптекарски станици, велат од Здружението на приватни аптеки.

Следете a1on на Youtube YouTube

Реакцијата на Здружението следи по завчерашниот повик на Министерството за здравство до сите заинтересирани здравствени работници и приватни здравствени установи за доставување писмо за интерес за вршење здравствена дејност во мрежата на здравствени установи во дејностa аптеки во примарна здравствена заштита или аптеки/аптекарски станици во населено место во рурална средина со најмногу 3.500 жители со постојано место на живеење на ниво на примарна здравствена заштита.

aptekimz

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он24/06/2025 - 17:1124/06/2025 - 17:13

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он12/04/2025 - 14:52

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:55

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска26/04/2023 - 13:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто