Во зимскиот преоден рок ЖФК Љуботен Тетово доведе прво засилување 23 годишната Присцила Едите Силва од Бразил. Се очекува таа во пролетната сезона да го засили нападот на тетовската екипа.
– Со ова засилување го почнуваме походот кон шампионската титула. Таа доаѓа од екипата на Форталеза, а досега настапувала за екипите Јувентус, Осаско и Бахиа. Во пролетниот дел ќе биде вистинско освежување во офанзивниот дел на нашиот тим. Со луцидната Бразилка која има прекрасно минато во бразилското првенство добиваме на квалитет и искуство во нападот, а се надеваме на многу голови и многу заеднички радосни моменти, велат од ЖФК Љуботен Тетово.
Со Присцила е потпишан професионален договор на шест месеци плус една година.