Американскиот Стејт департмент ја поздрави најавата на казахстанскиот претседател Касам-Жомарт Токаев за завршување на мисијата на Организацијата за Договор за колективна безбедност (ОДКБ) предводена од Русија во Казахстан.
Токаев вчера изјави дека силите на ОДКБ ќе почнат да се повлекуваат од Казахстан два дена по стабилизирањето на земјата, каде што избувнаа сериозни немири.
– До завршувањето на овој процес, додека не се повлечат мировните сили на ОДКБ, ќе продолжиме да ги повикуваме сите колективни мировни сили на ОДКБ да ги почитуваат меѓународните човекови права и да ја почитуваат нивната заложба да го напуштат Казахстан што е можно поскоро, како што побара владата на Казахстан, нагласи портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.