Уапсените во немирите во Казахстан може да се соочат и со доживотни затворски казни

Од:

Казахстанското јавно обвинителство отворило предмети за масовните немири во земјата, а истрагата е проширена и за терористички активнисти, јави ТВ каналот „24 Хабар“.

„Главното обвинителство на Казахстан отвори кривични предмети за организирање и учество во немири, а почната е и предистражна истрага за терористички акти“, соопшти телевизискиот канал.

Како дел од истрагата формирана е меѓуресорска работна група, составена од „најискусните службеници за заштита на правото и спроведување на законот, под раководство на специјален обвинител“.

Се истакнува дека учесниците во немирите во Казахстан би можеле да бидат осудени на казни од осум години затвор до доживотен затвор, со одземање на државјанството.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан