Благодарние на апликацијата Google Maps италијанската полиција пронајде мафијаш кој бил во бегство 20 години.
Џиочино Гамино живеел под лажно име во Шпанија. Истражителите на Google Maps виделе маж пред продавница кој многу наликува на него, пишува CNN.
„Резултатите од истрагата ги потврдивме со фотограм“, изјави Никола Алтиеро, заменик директор на италијанскиот Регионалниот оддел за борба против трговија со дрога.
Гамино, член на сицилијанската мафија Стида, побегнал од затвор во Рим во 2002 година, а во 2003 година бил осуден на доживотен затвор поради убиство кое го сторил неколку години претходно.
Приведениот мафијаш се наоѓа во притвор во Шпанија, а се очекува во Италија да биде екстрадиран до крајот на февруари.